Уметничко лизгање
Уметничко лизгање е зимски спорт во којшто поединечно, во двојка или групно со лизгање на мраз и со помош на други елементи, најчесто музичка композиција, се изведуваат различни чекори, вртења и скокови. На официјалните натправрувања, натпреварувачите во овој спорт се натпреваруваат во 4 дисциплини: поединечно во женска конкуренција, поединечно во машка конкуренција, танцови двојки и спортски двојки. Натпреварувачите, исто така се натпреваруваат и на различни натпреварувања, почнувајќи од почетниците, кои се натпреваруваат на локални натпревари и завршувајќи до најдобрите, кои се натпреваруваат на најсилните меѓународни натпреварувања. Уметничкото лизгање е олимписки спорт со натпреварувања на ситезимски олимписки игри. Во некои јазици, името на овој спорт е „артистичко лизгање“.
Во светски рамки, официјална организација во спортот е Меѓународната лизгачка организација (ISU), основана во 1892 со седиште во Лозана. Голем број на меѓународни натпреварувања се санкционирани од страна на ISU, како што се натпреварувањата на Зимските олимписки игри, светските првенства, европските првенства, првенството на четири континенти и гран-при натправрите.
Денес, уметничкото лизгање е поврзано со останат
ите комерцијални настани. На големите напреварувања, обично последниот ден има егзибициски карактер, во кој најдобрите натпреварувачи ги покажуваат своите разлилчни вештини и способности, надвор од очите на судиите. Голем број на лизгачи учествуваат и се дел од многу останати емисии, поврзани со спортот, но и надвор од него.
Појава на современото уметничко лизгање
Развојот на лизгањето на мраз и подобрувањето на примитивните форми на уметничко лизгање продолжило и во доцниот среден век. Во 1742, во Единбург бил основан првиот клуб за уметничко лизгање, познат како Edinburgh Skating Club. Во 1772 било издадено делото Трактат за лизгањето од Роберт Џонс, коешто се смета за прв учебник, во кој се објаснети правилата на уметничкото лизгање. Натпреварите, кои се одржувале во тоа време биле во „англиски стил“ на лизгање, кој бил поспор и поформален и има мали сличности со современото уметничко лизгање.
Уметничкото лизгање во Русија било познато уште во времето на Петар Велики. Тој во земјата ги довел првите лизглки. Петар Велики, дури и изумил нов вид на лизгалки. Тоа биле лизгалки, кои изгледале како вистински обувки, што всушност било „протомодел“ на денешните лизгалки.
Во средината на 1860-тите, американскиот балетан Џексон Хајнес, кој се смета за „татко на современото уметничко лизгање“ вовел нов стил на лизгање. Овој стил содржел слободни и емотивни техники и станал познат како „меѓународен стил“. Иако овој стил за кратко време станал популарен во Европа, во САД истиот не бил прифатен долго по Хајнесовата смрт.[2]
Во 1882 година, во Виена се одржало првото меѓународно натпреварување во Европа, на кое голема побеа оствариле Виенците.
Нема коментара:
Постави коментар