Џ. К. Роулинг
Џоан „Џо“ Рoулинг (англиски: Joanne „Jo“ Rowling) (родена на 31 јули1965), која се потпишува на своите дела со писателското име Џ. К. Рoулинг (J. K. Rowling) е британска писателка, најпозната по фантастичниот серијалот Хари Потер. Книгите за младиот волшебник се здобија со светска слава, добија безброј фанови и се продадоа во над 400 милиони копии.Име
Иако пишува под името „Џ. К. Рoулинг“ нејзиното име кога се издаде првата книга Хари Потер беше едноставно „Џоан Рoулинг“. Пред да ја издаде нејзината прва книга, нејзиниот издавач Bloomsbury се плашел дека младите машки купувачи нема да сакаат да ја купуваат книгата знаејќи дека е напишана од женски автор. Ѝ предложил на Рoулинг да користи два иницијали, наместо да го открива нејзиното вистинско име. Џоан бидејќи немала средно име, ја одбрала буквата „К“ како Кетлин за својот втор иницијал, од нејзината татковска баба. Името Кетлин никогаш не било дел од нејзиното вистинско име. По нејзиниот брак, таа по некогаш го користи името Џоан Мареј (Joanne Murray) кога е потребно за приватни грижи. Таа се самата себе се вика „Џо“ и има изјавено, „Никој не ме нарекол 'Џоан' кога бев мала, освен ако не беа лути.Џоан Роулинг со сопругот Д-р Нил Мареј
За делата на Џоан Кетлин Роулинг, некогаш сиромашна самохрана мајка на 1 дете, а денес прославена писателка, критичарите се поделени – едни ја нарекуваат „ќерката на Х.К.Андерсен“, а други велат дека нејзините дела се „украдени од детската литература пишувана во 19-тиот век“.Богата, но со благородно срце
Но што и да велат, факт е дека Џ.К.Роулинг го исполнила договорот со издавачката куќа „Блумсбери“ – напишала (дури) 7 романи за животот на симпатичното момченце-волшебник. Освен тоа, за 10-тина години, снимени се и 5 филмови според нејзините романи, а таа стана најчитан писател на светот. Нејзините дела се преведени на повеќе од 60 јазици, вклучувајќи ги и латински и старогрчки. Му направила голема услуга на човештвото – по многу време, децата посакаа, наместо со видео-игри, времето да го поминуваат дружејќи се со книгите. Жената, пак, која го измисли Хари Потер, по богатството зад себе ја остави и сонародничката, англиската кралица: денес заработува по 600 долари за секој пишан збор. Сепак, не заборавила како живеела пред само 10-тина години: на сиромашните деца од Единбург им подарила 55 милиони долари, а понудила и голема награда за оној кој ќе помогне во пронаоѓањето на малечката Медлин Мекен, која пролетва беше киднапирана во Португалија. Освен тоа, авторката е актвиен учесник во кампањата за стоп на насивството во Дарфур. Таа постојано работи во добротворни цели и дури има план да состави Хари потер Лексикон од кој сите прилози би отишле во добртворни донации, знаејќи ја побарувачката на Хари Потер во светот може да се очекува многу.
Нема коментара:
Постави коментар